Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот Скопски пазар, акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купил дополнителни 33.000 обични акции и сега поседува 78.230 односно 17,30% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
Со оваа Скопски пазар е на чекор да стане најголем акционер во Друштвото.
Моментално тоа е Доне Таневски, кој поседува 17,72 проценти од вкупниот број акции.
Вчера имаше и нови блок трансакции со акции на Македонијатурист, кои сигурно ќе донесат и нови промени во акционерската структура.
Македонијатурист е сопственик на хотелите Холидеј Ин, Карпош, Водно, Бристол, Јадран, Best western и Bellevue.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сава пензиски фонд излезе од Македонијатурист
Промедика е новиот акционер над 5%: Нови промени во сопственичката структура на Македонијатурист
Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика