Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера, во 17:08 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од Куманово кое било затруено откако испило поголема количина таблети.
На местото излегле полициски службеници од СВР Куманово кои презеле мерки за расчистување на случајот.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.