Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата за случајот со Државна лотарија.
Опфатени се и поранешен генерален секретар и државни службеници. Посочи дека утринава постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје извршени се повеќе претреси и активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во домот на Груби и на Бајрами поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија
„Постапено е по кривична пријава којашто на 13.12.2024 година од страна на Одделот за сузбивање на Организиран криминал и корупција, Сектор за криминалистички истраги и единица за корупција, поднесена против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, едниот е поранешен вицепремиер, едниот е поранешен директор на едно правно лице и едниот е поранешен генерален секретар. Останатите се државни службеници, коишто работат во рамките на едно од правните лица.
Во оваа фаза постои сомнение дека истите сториле повеќе кривични дела, коишто на крајот имаат доведено до поголема штета на буџетот на македонските граѓани,“ рече Тошковски.
Додаде дека „многу добро знае јавноста кои се тие две лица“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби е надвор од земјава, вели дека не избегал
„Јас би упатил јавен повик, дo еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка,“ додаде Тошковски.
При претресите кај еден од нив се пронајдени парични средства во износ од околу 40.000 евра, а кај второсомничниот околу 20.000 евра, додека две од предметните лица не се достапни на органите на прогонот.
Тошковски не ги објави имињата, бидејќи овој случај е во рана фаза. Потврди дека е извршен претрес кај лицата.
Прашан за поранешниот првиот вицепремиер, Артан Груби, кој е надвор од државата, Тошковски одговори дека лицето е излезено надвор од државата, а какошто кажа „сакам да ја информирам јавноста дека се сторени пропусти од страна на граничната полиција, се води истрага во моментов“.
Дел од медиумите пренесоа дека осомничениот поранешен премиер е Димитар Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за Бајрами, го оштетил буџетот на Државна лотарија за осум милиони евра
Фото: Лотарија