Како и што се шпекулираше бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, не е во Косово, каде првично избега, туку во Албанија.
Дека Груби, за кого има распишана меѓународна потрерница, а доби и 30-дневен притвор за криминалот во Државна лотарија, потврди и првиот вицепремиер и министер за животна средна, Изет Меџити.
Меџити тоа го сподели за албанската телевизија ТВ Ора и меѓудругото посочи дека со бегството ја докажал вината и најави дека Груби ќе го бара и Интерпол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Груби е во близина на Драч во Албанија?
Фокус претходно објави дека Груби е во близина на Драч, Албанија, во објект кој не е во негова сопственост.
Периодов имаше и шпекулации дека Груби има и албански пасош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на бегалецот Груби вели дека тој не направил кривично дело
МВР има снимка од моментот кој покажува како полицаецот го прекршил законот, за да Груби избега
Фото: Фејсбук/Меџити