еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Галичани спречени празниците да ги поминат во Галичник: Патот е непрооден веќе неколку недели

Галичник и понатаму останува отсечен, бидејќи патот е непрооден поради наносите од снег. Изминатава недела Македонија пат направила неуспешен обид да го исчисти патот.

Месната заедница на Галичник укажува дека дека во минатото патот се чистел само со булдожер гасеничар и секој друг обид е залудно трошење време.

„Тројцата постојани жители на Галичник остануваат отсечени четврта недела по ред и апелираме за што побрза достапност до Галичник.

Проблемот со електричната енергија и уличното осветлување во меѓувреме е решен, но патот Маврово-Галичник сè уште е непрооден. Сакаме да повториме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден.

Во Галичник има 230 куќи, а дел од нивните сопственици за новогодишните празници планираат да ги поминат во Галичник.

Проодноста на патот Маврово – Галичник е од особено значење и за енергентската инфраструктура на Македонија. Имено потсетуваме дека покрај патот поминува и стратешки 110 киловолтен далновод Шпиље – Вруток, чиј евентуален дефект ќе предизвика прекин во снабдувањето со струја на пола теријаторија од западна Македонија.

Вакви несакани случаи во зимски услови имаше последниве години и не би требало да се повторат,“ велат во соопштението од МЗ Галичник.

Според Миле Бошњакоски, кој има потекло од таму, единствено решение за проодност и зимски пристап до Галичник е отварање на пат од селото Јанче преку Укален до Галичник.

„Се работи за должина од пет километри на јужна страна која никогаш нема наноси од снег. Овој проект е единствено решение со траен ефект кој ќе влијае позитивно на економијата на цел регион и тоа поврзаност со манастир Св.Јован Бигорски, со цел рекански крај Скудриње, Ростуше, Присојноца, цела останата мијачија, Лазарополе, Гари, Тресонче, град Дебар на 14 километри одалеченост,“ пишува Бошњакоски на Фејсбук.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанија сака Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

Редакција

Убава вест: Излекувани 68 здравствени работници во Македонија, голем раст

Редакција

Корона вирусот „влезе“ во Психијатриската болница во Демир Хисар: Заболени 17 пациенти и двајца вработени

Редакција