еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, не се отповикани

Во врска со информациите што утринава беа објавени во дел од медиумите, дека се отповикани осум амбасадори, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информира дека станува збор за неточни наводи кои воопшто не соодветствуваат со фактичката состојба.

-Во однос на постапката за отповикување на определен број амбасадори, информираме дека Министерството е во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на претседателот на државата. Преку официјалниот интерен комуникациски систем, досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува претседателот да ги потпише указите за нивно отповикување, велат од МНР.

Министерството нагласува дека целата институционална координација и комуникација, вклучително и онаа со дипломатско-конзуларните претставништва, се одвива исклучиво преку заштитен интерен систем, а не преку електронска пошта.

Оттаму укажуваат дека во последниот период на социјалните мрежи и во некои медиуми зачестено се појавуваат фабрикувани и неточни фотографии од наводна е-маил комуникација меѓу вработени во Министерството.

-Со цел расчистување и соодветно процесуирање на овие појави, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе достави пријава и побара интервенција од Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, велат од МНР.

Во оваа прилика Министерството ги повикува медиумите пред објавување на било каква информација поврзана со надлежностите и работата на Министерството, претходно да ја проверат нејзината автентичност и веродостојност.

Претходно, медиумите објавија дека се отповикани амбасадорите Мето Белески, (Брисел), Катерина Ставревска, (Лондон), Зеќир Рамчиловиќ, (Подгорица), Пајо Авировиќ, (ОБСЕ), Емил Крстевски, (Прага), Јакуп Реџепи, (Сараево), Агнеза Руси, (Софија) и Џенк Сејфула, (Стокхолм).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев поднесе кривични пријави против Мерсиха Смаиловиќ и шест други лица за закани

Редакција

Кои се новите 14 претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Личен интерес ни е да одиме на избори, би добиле 18 пратеници, но на државата ѝ треба стабилност, вели Бектеши

Редакција