еМагазин
Image default
Балкан

Коѕијас: Јас сум најсреќниот министер во оставка

Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради вчерашниот позитивен резултат од гласањето во македонското Собрание. И покрај оставката и заминувањето на Никос Коѕијас од позицијата шеф на грчката дипломатија, и тој и Ципрас рекоа дека се среќни, иако тоа е оксиморон, како што истакнаа и двајцата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во присуство на дипломати, на замениците министри за надворешни работи и во присуство на голем број странски и грчки новинарски екипи, во грчкото МНР на свеченоста за примопредавање на функцијата министер за надворешни работи, Алексис Ципрас и официјално го наследи Никос Коѕијас на позицијата шеф на грчката дипломатија.

И двајцата во нивните опширни обраќања се задржаа на грчката надворешна политика, но и на прашањето за името и Договорот од Преспа.

– Јас сум најсреќниот министер во оставка, им рече Коѕијас на новинарските екипи, пристигнувајќи во грчкото МНР кусо пред средбата со Ципрас.

Грчкиот премиер пак, во објектот на Министерството за надворешни работи на Грција пристигна од претседателската палата каде што положи граѓанска свечена заклетва пред претседателот на државата, Прокопис Павлопулос.

МИА/Фото: Влада на РМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Нимиц: Ова е голем напредок, ги охрабрувам лидерите конструктивно да го финализираат Договорот

Рама и го честита роденденот на Република Северна Македонија

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заеднички успех

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Шах-мат на вселенскиот патријарх“: Што пишуваат грчките медиуми за признавањето на Охридската архиепископија за канонска

Редакција

Грчките плажи се отвораат на 15 мај, забранета музика во баровите

Редакција

Албанија ќе дава државјанства и на Албанци кои живеат во соседните земји и дијаспората

Редакција