еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и картичните кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,7% и 1,1% соодветно, којшто на годишна основа изнесува 11,1% и 16,2%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Во септември, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички забележаа месечен пад од 0,5% и 0,2%, соодветно, при истовременo годишно намалување од 2,2% и 0,9%, соодветно.

Овој месец, негативните салда на тековните сметки забележаа нагорна месечна и годишна промена од 2,2% и 5,7%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен раст од 0,5%, во услови на минимален годишен пад од 0,2%“, информира НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излез од Македонија без ПЦР тест и потврда за прележаност или вакцинација, трудниците да се вратат на работа, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Реплек со намалена добивка

Редакција

Мислење од правниот тим на Еуромакс Ресоурцес

Редакција