За трагедијата во Кочани, во која при пожар во т.н. дискотека загинаа 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници, а 155 лица се повредени, вечерва на распи во полициската станица во скопски Карпош е поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, јавија повеќе медиуми.
Тој е на распит поради лиценцата за т.н. дискотеката како кабаре.
Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција откри дека фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека е издадена на 13. март лани, со важност од една година.
На неа стои потписот на тогашната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
Тројца малолетни лица починати, а повредени повеќе од 20 малолетници во пожарот во Кочани
(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете
Фото: Влада