еМагазин
Image default
Македонија

Николоски: Го разрешвиме Јанчев заради несогласувања, не за поткуп на пратеници

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва изјави дека Централниот комитет го разрешила потпретседателот на партијата Митко Јанчев поради несогласување со политиките на партијата, ставовите на партијата и нивно неследење.

За жал, рече тој, можеби поради тоа  што лошо се изразил или лошо била пренесена, изјавата добила друг контекст, односно се поврзува со обвинувања за поткуп.

Во изјава за медиумите пред почетокот на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на 23 Октомври, тој не прецизираше дали е тоа јавно извинување кон Јанчев, кој денеска тоа го побара од него. Рече тоа не се негови лични ставови, туку заклучоци на Централниот комитет што тој имал задача да ги пренесе.

Јанчев денеска побара јавно извинување од Мицкоски и Николоски за вчерашната прес-конференција на  Николоски на која кон него, како што посочи, биле упатени „ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, рамо до рамо со Сашо Мијалков.

МИА/Фото:ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митко Јанчев на Фејсбук: Мицкоски и Николовски да се извинат, во спротивно ќе ги тужам за клевета

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Митко Јанчев: Не се согласувам со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, гласав за излегување на референдумот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 766 случаи на Ковид-19 од 3.171 тестирања

Редакција

Заев и Ахмети на „чекор до договор“ за формирање на Влада

Редакција

Во Собранието пак нема кворум: Додека граѓаните и фирмите чекаат пари, пратениците со меѓусебни обвинувања

Редакција