еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ не е ничија сопственост

Со жалење ја примив одлуката на Централниот Комитет на мојата партија, бидејќи од формирањето на ВМРО ДПМНЕ па до денес, бев и ќе останам верен на идеите и постулатите на организацијата, вели Сашо Мијалков за Прес24.

“Секое раководство го носело товарот да обезбеди модерна и просперитетна Република Македонија која ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Истиот товар го носи и ова раководство и нивна е одговорноста дали организацијата што ја наследиле и сите капацитети на партијата ќе ги користат за внатрепртиски поделби и чистки или за демаскирање на лошите политики на СДСМ и побргу враќање на власт.

Новото раководство ја носи одговорноста дали партијата ќе биде респектиран партнер во рамки европските народни партии или ќе заглави во изолација. Новото раководство ја носи одговорноста за доследност на историските принципи на партијата и стратешката ориентација кон ЕУ и НАТО, вели Мијалков за Прес24.

Во изјавата вели дека како долгогодишен член и функционер, чувствува потреба да каже дека на партијата во овие моменти и е потребна инклузивност, а не исклучувачки политики.

„Во моментов на партијата и е потребно обединување и водење со разум , а не емоции. Во моментов на партијата не и е потребно креирање лажен наратив и непостоечки околности со кои што се оддалечуваме од стратешките определби и влегуваме во изолација.

Дали актуелното раководство ќе ги прими овие добронамерни совети или ќе продолжи да продуцира невистини и да бара непријатели таму каде што ги нема е нивна одговорност. Мое е да потсетам дека партијата не е сопственост на актуелното раководство како што не беше сопственост на претходното или тоа пред него.

Јас сум убеден дека синоќешната одлука не е исправна, но тоа нема да ме поколеба во мојата определба за натамошна поддршка на модерно, десноориентирано ВМРО ДПМНЕ, кое заедно со сите сестрински партии ќе ги брани интересите на Република Македонија во Европската Унија„, вели Мијалков за Прес24.

Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјализирано исклучувањето на Сашо Мијалков: Грубо дејствувал против ВМРО-ДПМНЕ

Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

Редакција

Убава вест: 207 оздравени од Ковид-19

Редакција

Обвинителката е со истечен мандат, рочиштето против Рашковски за случајот „Софтвери” одложено за 14 март

Редакција