еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанскиот народ да стане државотворен во македонскиот Устав: Што пишува во четирите предлог амандмани на Беса на Касами

Како што најавија пред неколку месеци, а потсетија веднаш по гласањето во македонското Собрание за стартот на уставните измени, предвидени со договорот за името во Грција, од Беса на Биљал Касами до Владата доставија четири предлог уставни амандмани.

Со првиот амандман се бара Албанците, како и Македонците да бидат државотворен народ.

Во делот на Преамбулата, од Беса бараат да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковниот договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.

Со вториот амандман се бара албанскиот јазик да стане службен на цела територија, што во некоја форма веќе е предвидено со Законот за употреба на јазиците, кој уште не е потпишан од претседателот Ѓорге Иванов, иако истиот е изгласан во Собрание.

Се бара, албанскиот јазик да се употребува и во меѓународната комуникација и да се отстрани именувањето како јазик кој го зборуваат над 20% од населението во земјата.

Со третиот амандман, од Беса бараат бараат промена на членот 49 од Уставот, односно да се допрецизира дека Македонија води грижа за своите граѓани кои живеаат во странство, еднакво за сите етнички заедници.

Со четвртиот амандман, од Беса бараат во Уставот да се оневозможи претседателот на државата да ги блокира законите, кои се усвоени по второ гласање во Собранието.

ШТО ПИШУВА ВО АМАНДМАНИТЕ?

1.Во делот на преамбулата, да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковен договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.

Образложение:

Охридскиот Рамковен договор е потпишан во 2001 година преку диалог и компромис од сите четри политички лидери во тоа време.

Содржината на преамбулата согласно Рамковниот договор беше тотално изменета и во постапката за уставни измени е усвоено сосема нова преамбула на Уставот која е и денес во правна сила.

Првичниот предлог на уставните измени од 2001 година кој е доставен до Собранието на Република
Македонија е вистинскиот модел според кој треба да се изгради иднината на ова држава, како граѓанска држава, со рамноправни граѓани и етнички заедници.

Со една ваква интервенција би се гарантирале еднаквите права и обврски на сите граѓани кои живеат во Република Македонија, затоа што и моделот со кој стремиме интегрирање на државата во НАТО и ЕУ, треба да ги промовира вредностите кои произлегуваат од преамбулата која иако беше усвоена и потпишана од политичките лидери, не беше инкорпорирана во уставните измени од 2001 година.

2. Амандман V, точка 1, параграф 1, од Уставот на Република Македонија да се пре – формулира на следниот начин:

На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, како и албанскиот јазик и неговото латинско писмо.

Другите ставови од амандманот V да се усогласат со ставот еден (1) од Амандаманот V.

Образложение:

Со предложената промена се овозможува отстранување на пречките и дилемите кои сите овие години се злоупотребени за дневно политички цели. Исто така со ова интервенција се овозможува употребата на албанскиот јазик како службен јазик, јазик кој го зборуваат голем дел на граѓаните кои живеаат на територијата на Република Македонија.

Со договорот од Преспа се заштитува и гарантира идентитетот и јазикот на македонскиот народ, што за нас е неспорен факт, но од другата страна во постоечкиот Устав имаме една подредена ситуација врзана за албанскиот народм во делот каде се регулира употребата на албанскиот јазик со ограничување со дефиниција на ‘‘проценти‘‘ а не преку прифаќање на идентитетот и јазикот на албанскиот народ.

3. Член 49 од Уставот на Република Македонија да се до – прецизира во насока дека Република Македонија води грижа за своите граѓани кои живеаат надвор од територијата на Република Македонија, еднакво за сите етнички заедници.

Образложение:

Диаспората е големо богатсво која ја има една држава така што сите придобивки кои доаѓаат од истата никогаш не се за само една етничка заедница, туку истите се одразуваат добро кон сите граѓани.

Имајќи го предвид фактот дека диаспората активно учествувала во сите значајни процеси за државата и истата е неодвојив дел и секој обид да се фаворизира една етничка заедница, не е во согласност со демократските вредности за еднакост на сите граѓани, па така и на диаспората.

4. Член 75, параграф 3 и 4 да се пре – формулира на таков начин што на претседателот на државата да не му се овозможува да ги блокира законите кои се усвоени по второ гласање во Собранието на РМ (стекнува уставни надлежности кои не му припаѓаат).

По второто гласање во Собранието на Република Македонија ако претседателот на Републиката не го потпише Указот за прогласување на законот во одреден временски рок од седум дена, тогаш претседателот на Собранието на Република Македонија може да го потпише законот и да го
упати на објавување во службен весник на РМ.

Образложение:

Свесни сме дека само во последната година Претседателот на државата во два случаеви одбил да го потпише указот за прогласување на законите иако согласно уставот беше обврзан.

Со самото тоа се генерираат неповолни ситуации и институционални политички кризи, создавајки тензична политичка клима, како што е случајот со непотпишувањето на указот за законот за јазиците или указот за усвојување на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.

Со овие интервенции во овој член на уставот би се овозможило непречено функционирање на Собранието на Р.М како највисок законодавен орган во рамките на правниот систем.

Убедени сме дека со корегирање, прецизирање и интервенција во предложените членови значително ќе се подобри содржината на Уставот на Република Македонија кој ќе гарантира стабилност и долгорочен мир.

Тоа ќе ја отсликува општествената реалност и општественото секојдневие на Република Македонија и ќе овозможи ефикасно функционирање на државните органи, што е од исклучителна важност за една држава која се стреми за интеграција во НАТО и ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се протне ли Тиранската платформа на „мала врата“ со уставните измени?

Ќе остане ли 2/3 мнозинство од 80 пратеници за промена на Уставот, без 4 гласа?

Ќе добијат ли зголемени права Албанците со отварањето на Уставот за уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: На врвот Чаир, Гази Баба, Аеродром

Редакција

Пребројани 527.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка со разлика од 60.000 гласови

Редакција

Од Ковид-19 починаа по две лица од Тетово и Гостивар и едно од Виница, најмладото на 48-годишна возраст

Редакција