еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе остане ли 2/3 мнозинство од 80 пратеници за промена на Уставот, без 4 гласа?

Дали на повидок е нова „драма“ за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставот, што е предвидено со договорот за името со Грција, по предложените уставни амандмани од Беса на Биљал Касами, до Владата, во кои меѓудругото се бара албанскиот народ да стане државотворен и албанскиот јазик да стане службен.

И од Алијансата за Албанците (АА) најaвуваат амандмани во процесот на отварање на македонскиот Устав со цел Албанците во земјава да добијат поголеми права.

Од АА не ја исклучуваат можноста да го блокираат собранискиот процес на уставни измени, ако не исполнат нивните барања.

Имено, Алијансата за Албанците и Беса на Биљал Касами имаат 4 пратеници, кои се дел од двотретинското мнозинство кое драматично се обезбеди за да почне процесот на промена на Уставот.

За последната, трета и финална фаза од процесот на уставните измени, во Собрание повторно ќе треба да гласаат минимум 80 пратеници.

Генералниот секретар на АА и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари за телевизијата Алфа вели дека ако не се исполнат нивните барања, органите на партијата ќе одлучуваат дали нема да го поддржат процесот.

„Партијата има органи. Тие ќе одлучат дали и како ќе гласаме ако нашите барања не се усвојат. Ова не е уцена, туку се барања за кои сега е шанса да се затворат, и потоа да се посветиме на европската агенда, вели Таравари за Алфа, кој потсетува дека ова било ветено од премиерот Зоран Заев уште во 2016 година.

Од ДУИ, Беса на Африм Гаши и ДПА, пак сметаат дека сега не е време за овие уставни измени и собирање политички поени и дека фокусот треба да биде на имплементација на договорот од Преспа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се протне ли Тиранската платформа на „мала врата“ со уставните измени?

Албанскиот народ да стана државотворен во македонскиот Устав: Што пишува во четирите предлог амандмани на Беса на Касами

Ќе добијат ли зголемени права Албанците со отварањето на Уставот за уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воспоставени дипломатски односи со Република Кипар

Редакција

Заев и Ципрас за Договорот од Преспа ќе бидат наградени на Минхенската безбедносна конференција

Редакција

(Видео) Детално објаснети сите правила за враќање на училиште

Редакција