еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вистинските луѓе на вистинските места за економски развој на државата, порача Зафировски на самитот Македонија2025

Корупцијата е рак-рана која ја убива трансформацијата на едно општество и одењето напред порача, соосновачот на Македонија2025, Мајк Зафировски на панелот на Одборот на директори, “Каде сме и каде одиме”, во рамки на одржување на Самитот на Македонија2025, кој започна денеска.

Тој порача дека секој од нас лично и професионално да постави кои се целите, да се приоретизираат истите и постојано да се работи на нив.

“Потребно е да се постават вистинските луѓе, на вистинските места. Да размислуваме на големо, да не се задоволуваме со малку. Тоа што сме мали како држава треба да ни биде предност. Имаме одлични примери како Грузија, Исланд, Сингапур. од кои можеме да учиме,” рече Зафировски.

Генералниот директор и претседателот на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов изјави дека е потребно секоја компанија да има стратегија и дисциплина во нејзиното остварување, развој на нови технологии и на таленти, вложување во луѓето.

“Културолошки го сменивме менталитетот на луѓето во нашата компанија. Да размислуваме да бидеме успешни на секој пазар, не само на домашниот. Многу сум горд што станавме производител број еден во Европа на полуцврсти антибиотици,” рече Мукаетов.

Тој додаде дека во диверзификација и зголемување на извозот, на компаниите им се потребни повеќе финансиски средства, советодавни услуги и логистика. Владата и приватниот сектор тоа можат да го направат заедно.

Џон Битов, главен акционер и претседател на Scott’s Real Estate Investment Trust и на Sirius XM Canada, истакна дека треба да се преслика моделот на приватните компании каде што се создаава стратегиска рамка, се одредува годишен буџет, и на квартално ниво се следат индикатори за реализација на поставените цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата треба да им го олесни работењето на компаниите, но потребни се болни реформи, вели поранешниот грузиски премиер Гилаури

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Милјардерот со македонско потекло Крис Павловски дојде во Скопје за Самитот на Македонија2025

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило

Редакција

Четири маркети не ги почитувале владините одлуки за замрзнување на цените

Редакција

Колку пари лани чувале граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Редакција