Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд Кочани доставило предлог поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани, од затворски да оди во куќен притвор, информираа од таму.
Истото го бара и за поранешниот државен секретар во Министерството, Размена Чекиќ Дуровиќ.
За 18 лица пак Обвинителството предлага продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор.
Од таму информираат и дека Обвинителство Кочани привршува со распити на сведоци – очевидци на настанот и дека се работи на повеќе вештачења, а се вкрстуваат и податоци од анализите на обезбедените електронски уреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одземена лиценцата на агенцијата која ја обезбедуваше т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани
Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани
Фото: Бектеши/Фејсбук