еМагазин
Image default
Бизнис

Странци доминираат во банкарскиот сектор: Кои земји го „жнеат“ ќарот?

Во вториот квартал од 2018 година, во Република Македонија функционираат петнаесет банки, чиjшто број е непроменет во однос на претходниот квартал. Исто така, и бројот на банки во претежна странска сопственост (единаесет банки) и бројот на подружници на странски банки (шест банки) е непроменет, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Според податоците на НБРМ, во земјава има шест подружници на странски банки и тоа по една од Грција, Австрија, Бугарија, Франција, Словенија и Турција, пет банки во претежна странска сопственост и тоа по два од Бугарија и Швајцарија и една од Германија. Само четири банки се на домашни акционери и тоа три банки во приватна сопствност и една во државна сопственост,

Во првата половина од 2018 година, банките во претежна странска сопственост го зајакнаа своето учество во сите поважни позиции од билансите на банките, со исклучок на учеството во финансискиот резултат, коешто се намали за 2,7 процентни поени.

Сепак, нивното учество и натаму е највисоко кај кредитната активност (79,5%) и кај финансискиот резултат (74,6%).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојно зголемување: Македонските банки остварија добивка од 90 милиони евра за шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад од 8%: Компаниите кои котираат на Македонската берза за шест месеци оствариле промет од 87 милиони евра

Редакција

Без најава, преминот „Евзони“ повторно затворен за влез во Грција 

Редакција

Прилепска пиварница по третпат купи 100 сопствени акции

Редакција