еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Договорот со Обединетото Кралство ќе се потпише во четврток, кој се ќе оди во Лондон?

На денешната владина седница помина Договорот помеѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство.

Истиот како што информираа од Владата ќе се потпише во четврток во Лондон, а од таму во името на државата да го потпише договорот влада со влада, е овластен вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој ќе ја предводи владина делегација во која ќе бидат и вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура, Синиша Ивановски и нивни соработници.

Како што е веќе познато, станува збор за Договор кој на Македонија меѓудругото ќе и овозможи инвестиции во инфраструктурата, здравството, железницата, енергетика, технологија…

Првите проекти од 6. милијарди евра заем, кои Македонија ќе ги добие од Обединетото Кралство се предвидени за проекти од транспортот и здравството.

Тоа ќе биде проектно финансирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познато за што ќе се трошат 6. милијарди од Обединетото Кралство, Македонија нема да отвара мигрантски кампови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ги одби барања на Владимир Панчевски за преиспитување на правосилната пресуда

Редакција

Средба на Ахмети со Бучковски, лидерот на ДУИ убеден дека со Бугарија е можно брзо решение без последици врз јазикот, идентитетот и културата

Редакција

Евреите во Македонија згрозени и навредени од името на бугарскиот клуб во Битола

Редакција