еМагазин
Image default
Македонија

Нацрт-амандманите за промена на Уставот готови до петок

Премиерот Зоран Заев најави дека нацрт-амандманите за промена на Уставот што е предвидено со договорот за името со Грција, а кои ги содржат и барањата на осумте пратеници од опозицијата, со кои денеска имаше средба, во Собрание треба да стигнат до крајот на неделата.

Кога амандманите ќе бидат готови ќе биде консултирана и Грција, иако договорот од Преспа не го предвидува тоа, најави Заев.

Прашан за предлогот на ВМРО ДПМНЕ за амнестија на сите учесници во насилството во Собрание, рече дека истиот за СДСМ не е прифатлив.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апанажа побарале дури 44 пратеници од минатиот собраниски состав

Редакција

Полицијата поднесе кривична пријава против клубот „Аватар“ во Струмица, каде што се правеа журки без маски

Редакција

Судиите и обвинителите ќе добијат повисоки плати, законските измени поминаа на Влада

Редакција