еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Митко Јанчев и Советот на Општината Кавадрци против барањето на ИГМ да гради цинкара

Советот на Општина Кавадарци едногласно изгласа против барањето за пренамена на земјиштето на ИГМ од Г2 во Г1. По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува, информира на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за намерата на кавадаречката компанија да гради цинкара.

„Јас како градоначалник на Општина Кавадарци во целост го почитувам и се согласувам со мислењето на советниците во Советот на Општина Кавадарци. Никој не може да придонесе во нарушувањето на квалитетот на живот на кавадарчани, без разлика дали се работи за премиер, градоначалник, советник или бизнисмен.

Здравјето и квалитетниот живот на граѓаните на Општина Кавадарци е секогаш на прво место“, вели Јанчев.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 148 случаи на Ковид-19, оздравени 45, едно починато лице

Редакција

Нови 677 случаи на Ковид-19 од 3.317 тестирања

Редакција

Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски за состав на нова влада

Редакција