еМагазин
Македонија

(Фото) Претседателот Ѓорѓе Иванов со сопругата на отварањето на најголемиот аеродром во светот во Истанбул

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, заедно со сопругата  Маја Иванова, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на свеченото отворање на новиот аеродром во Истанбул.

Новиот аеродромот во Истанбул е најголем во светот и е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри.

Аеродромот на крајот на изградбата предвидена за 2023 година ќе содржи шест одвоени писти, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници.

Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.

Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во Истанбул се отвара најголемиот аеродром во светот: Како изгледа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има двајца хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 50

Редакција

Земјотрес во Гевгелиско со интензитет од три степени

Редакција

Заев за РСЕ: Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан

Редакција