АСНОМ не се брише од Преамбулата на Уставот, тој ќе се содржи двапати. Во Преамбулата ќе се додадат и зборовите Охридски рамковен договор со што ќе се потврди историското значење за нашата држава.
Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во образложението на нацрт-амандманите на Уставот на денешната седница на Комисијата за уставни прашања.
Тој ги образложи четирите нацрт-амандмани што ги предложи Владата, а за кои рече дека ја заслужуваат поддршката од сите пратеници во Собранието во име на ЕУ интеграциите и новата политичка реалност.
– Пратениците, со поддршка на иницијативата, ќе покажат дека се за европска индина на Македонија, рече Заев пред Уставната комисија.
Седницата на Комисија за уставни прашања може да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември.
МИА/фото: Влада