Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги презентираше моделите за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем пред собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Тој, пред членовите на Комисијата рече дека појдовна точка за оваа реформа е Извештајот на експертската група на Прибе од 2015 година, каде беа дадени сериозни критики за злоупотребата на Управата за безбедност и контраразузнавање преку системот за следење на комуникациите и преку концентрацијата на моќ. Сериозни критики кои беа и причина за сериозната политичка криза во нашата земја.
„Една од забелешките велеше дека состојбата е резултат на „непочитување на професионалната етика, основните принципи на ризично управување и недостаток на познавање на чувствителноста на разузнавачите задачи во рамките на УБК. Беа дадени и забелешки за начинот на вработување и селекција во службата, како и недостатокот од изграден систем на постојана обука и усовршување на кадарот во Управата. И токму овие забелешки ги даваат насоките во кои треба да се движи и спроведе реформата на управата“, рече Спасовски.рамките во глобалната мрежа на безбедносно-разузнавачките служби“, рече Спасовски.
Владата формираше меѓуресорска работна група, која има задача да понуди најсоодветен модел за реформа пред се на Управата за безбедност и контраразузнавање, но и осврт на потребата од реформи во Агенцијата за разузнавање и военото разузнавање, како и другите институции од оваа област.
„Како дел од активностите, одржавме неколку консултативни средби. Имавме средба со Претседателот на државата, со истакнати експерти од областа и професори на Факултетот за безбедност и со преставници на граѓанските организации кои се фокусирани на заштита на човековите права и работењето на овие служби.
Како министер и човек кој долги години е дел од општествено-политичките процеси во нашата земја, ќе ги споделам со вас моите очекувања од оваа реформа: Да се создаде ефикасен систем за заштита на националната безбедност, кој нема да биде злоупотребен за партиско-политички цели. Фунцкионирање на службите согласно меѓународните стандарди и правила, притоа штитејќи ги и гарантирајќи ги државните интереси, а тоа пред се значи дејствување на службите ослободени од политички влијанија.Воведување на современи методи на работење, преку кое ќе се зголеми нивната превентивна улога во справувањето со современите безбедносни закани“, рече Спасовски.
Фото: МВР