еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност

Антизападниот бранител на криминалот Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги ставија сите свои капацитети во одбрана на криминалот на нивниот ментор, Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски и Јанушев срамно ги навредија сите граѓани кои бараат Груевски да не се крие, да се соочи со одговорноста и да ја издржи казната. За раководството на ВМРО-ДПМНЕ, новинарите и јавноста се „медиумски загари“ само поради тоа што прашуваат каде е Никола Груевски, зошто се крие и има ли срам? Наместо да ги навредува новинарите, Мицкоски да каже дали Груевски треба да одговара за криминалите? Или Мицкоски го оправдува бегањето на Груевски и неговото криење од правдата?“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека: „Груевски се потврди себеси како срам за јавноста, се потврди себеси за лажен патриот, криминалец кој се крие од правдата, а Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се потврдија како бранители на неговиот криминал“.

„Груевски го допре дното, Груевски падна на најниско ниво, криминалецот не собра храброст да се соочи со казната за сопствените злодела.Груевски треба да разбере дека нема да може да побегне од правдата, нема да побегне од одговорноста.

Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој се докажало дека ги прекршил законите и секој оној за кој има правосилна пресуда ќе одговара за своите постапки“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ја прашува власта: Сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа Груевски. Пред кого правите евтин театар?

Никола Груевски не е во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ велат од партијата, за да полицијата провери и треба налог

Груевски „се бара„ и на Твитер: „Крсто му ја отворил вратата на Грујо за да избега!“

Знаат ли безбедностите служби каде е Груевски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова уредба на Владата: Изборната кампања почнува на 24 јуни, на 15 јули ќе се гласа од 7 до 21 часот

Редакција

Чаир и Аеродром со ист број на активни случаи на Ковид-19

Редакција

Референдумот најактуелен кај иселениците во Швајцарија и Австрија

Редакција