За лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговорност за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски треба да се бара кај премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
“Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски.
Иако притисокот, поточно прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција, особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка“, напиша на својот Фејсбук профил, Мицкоски.
Фото: ВМРО ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?
Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?