еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Еуролинк осигурување додели 30 стипендии за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во вкупна вредност од 1.600.000 денари

Вчера вечерта се одржа петтото јубилејно доделување на стипендиите од страна на Еуролинк. Беа доделени 30 стипендии за најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за учебната 2018/2019 година во вкупна вредност од 1.600.000 денари.

Еуролинк стипендијата е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовни студенти од првиот и вториот циклус на студиите. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40.000 денари, додека стипендијата за постдипломските студии е со висина од 60.000 денари. Во изминативе пет години Еуролинк осигурување додели 130 стипендии на студентите од Правниот факултет, со вкупна вредност од 5.700.000 денари.

Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување, Олга Костовска лично им ги врачи стипендиите на најдобрите студенти за 2018 година.

„На сите стипендисти им честитам од срце, и се надевам дека ви го олеснивме патот кон иднината, покажувајќи ви ги вистинските вредности. Не заборавајте на вашата одговорност кон семејството, кон нашата татковина, кон своите сограѓани, започнете активен општествен живот, прифаќајќи ги предизвиците, бидете горди на благородноста и на хуманоста што ја носите во себе, и потрудете се секогаш да најдете начин да им помагате на оние што се помалку привилегирани од вас. Да не дозволиме вашиот и нашиот свет да ги заборават основните човечки вредности, a користејќи го сопствениот интелект градете достоен живот за себе и за луѓето околу вас“, им посака Костовска на младите стипендисти.

За значењето на Еуролинк стипендијата се обратија и стипендисти на Еуролинк од претходните генерации и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Горан Коевски, кој истакна:

„Да се вложува во образованието и развојот на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први‘ – Скопје е за нас особена чест и на одреден начин препознавање на квалитетот на образованието што го нудиме. Значајно за оваа стипендија е што таа се добива во еден сложен процес и зависи единствено од квалитетите што апликантите ги имаат и на 130 студенти им овозможи поттик за да бидат подобри во нивните студии и со тоа да станат поатрактивни на пазарот на трудот, но и да создадат основа за понатамошна академска надградба“.

Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која се промовираат трајните образовни, културни и општествени вредности во нашата држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајди енергија за активен ден со новите Баланс+крем јогурти

Редакција

Промоција на нови дизајнери во Лаб дизајн маркет

Редакција

Saatchi & Saatchi Скопје го освои регионот!

Редакција