Во полицијата за бруталното насилство врз шестооделенката од страна на три повозрасни девојчиња во скопската општина Ѓорче Петров досега на разговор биле повикани 14 лица, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека се водела истрага за случајот кој ја вознемири јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестооделенка од Ѓорче Петров брутално малтретирана од три девојчиња, ја гореле и со цигари
Меѓу лицата се и родителите на трите насилнички.
За дел од повиканите лица ќе следеле соодветни процесни дејствија, а на предметот работело и Основното јавното обвинителство.
Бидејќи станува збор за малолетнички, тој најави дека информациите за случајот на јавноста ќе и бидат преставени со ограничени детали и ги повика сите родители и општествени чинители да се фокусираат заедно на овој проблем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш












