Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 државни службеници во Општина Центар.
Се бараат кандидатите за следните работни места раководител на одделение за односи со јавност и информирање на граѓаните за плата од 28.303 денари, виш соработник за организација на спортски натпревари и манифестации за плата од 23.258 денари, виш соработник за одобренија за реконструкција, адаптација и пренамена за плата од 23.258 денари, соработник за извршување на јавни набавки за плата од 22.501 денари, помлад соработник за подготовка на материјали и документација за плата од 20.987 денари, самостоен референт – економ за плата од 15.688 денари, самостоен референт за комунална хигиена и комунален ред за плата од 15.688 денари и виш референт-технички секретар на претседател на Совет за плата од 14.932 денари.
Повеќе детали од огласот ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доминација на државните институции во огласите за вработување