еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(Видео) Министерот кој не одржал ниту една прес-конференција за загадувањето и јавно призна дека не се „бави“ со граѓаните

Дали знаете кој е министер за животна средина и просторно планирање? Може да се подзамислите и да не Ви текне. Садула Дураки. На граѓaните, кои поприлично се упатени во политика, ова име, најверојатно ништо не им значи.

Зошто е важен Дураки? Затоа што го води еден од најгорливите сектори кои треба да се бават со еден од најголемите проблеми на граѓаните, а него никаде го нема. Тој е министерот, кој според истражувањето на проектот „Види вака“ не одржал ниту една прес-конференција посветена на загадувањето.

Својата неагилност како министер ја потврди и пред камерата на телевизија Сител кога беше снимен на Третата министерска конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан, организирана од Советот за регионална соработка (РСС) и Министерството за животна средина и просторно планирање.

На прашање на телевизија „Сител“, за тужбата што граѓаните ја подготвуваат против државата поради загадувањето, тој накратко одговори дека: „не се бави со граѓаните“.

„Сега, јас не се бавам со граѓаните. Граѓаните може да тужат, и тоа“, рече Дураки на прашањето за став околу тужбата.

На прашањето дека мерачите не работат, а имаме големо загадување министерот вели дека „Македонија не е Швајцарија.“

„Почнавме, еден чекор е напред, и тоа“, дополни Дураки.

На прашањето што конкретно се презема, само накратко рече дека постои работна група која ќе ги каже чекорите и дека за прв пат во Македонија има програма за аерозагадување.

Фото: Фејсбук/Садула Дураки/Видео: Види вака/ТВ Сител

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го знате овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно девет починати: Двајца мажи жртви на корона вирусот, едниот на 45 години другиот на 78

Редакција

Кој е Бесиан Ахмети, кој од Муцунски е разрешен од позицијата прв секретар во Амбасадата во Брисел

Редакција

Горивата поскапуваат до 2,5 денари

Редакција