еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Шилегов не престанува да не засмејува, Скопје еден од најзагадените градови во Европа кандидат за најзелен европски град

Значи ако за нешто го бива скопскиот градоначалник Петре Шилегов, тоа е сигурно неговата „смисла за хумор“.

По оџачарите и ваучерот за такси за пијани гости, Скопје, еден од најзагадените градови во Европа, па комотно, за жал, можеме да кажеме и во светот, го пријавил за престижната европска награда „Зелена престолнина на Европа 2021“.

Меѓудругото оваа награда се доделува на градови кои ја подобруваат својата локална средина и квалитетот на живеење, и користат иновативни решенија за справување со еколошки проблеми.

Па има ли нешто поиновативно од оџачари и налепници во различни бои кои ќе се лепат на возила, зависно од тоа колку загадуваат? Нормално дека нема.

Со ваква иновативност и сериозен пристап во борбата со загадувањето, во старт Скопје станува сериозна конкуренција на другите кандидати: Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).

Па здравје, по освојување на оваа европска награда, да го конкурира градот и за некоја светска.

А до тогаш, ние ќе продолжиме да се гушиме, нема проблем, важно ќе се смееме.

А смеењето е нели половина здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „удри“ по Шилегов: „Скопје не може за град да се кандидира, не пак за зелен“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кумановскиот затвор се обесил осомничениот за убиството на сестра му и внукот во Габреш

Редакција

Арачиново воопшто не наплаќа данок на имот, најмногу приходи остварил скопски Центар

Редакција

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Редакција