Каков имот пријавила Артана Асани, директорката на „Комуналец“ Гостивар, која заврши во притвор

В.д. директорката на јавното претпријатие за комунална дејност ЈП „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани од вчера е во притвор, откако заедно со уште двајца раководители во претпријатието – В.Д., шеф на „Водовод и канализација“ и Л.Н., техничкиот директор на „Комуналец“, беа осомничени за “тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за директорката на „Комуналец“ и двајцата раководители бара Обвинителството

Притвор од по 30 дена добија и раководителите, а сите тројца се товарат за епидемијата со труење во Општина Гостивар, предизвикана од градската вода за пиење и за нелегално поставување на пумпи во одводен канал, по што дошло до мешање на водата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две пумпи три недели внесувале загадена вода во гостиварскиот водовод: Директорката на „Комуналец“ и двајца раководители ќе одговараат за тешки дела против животната средина и природата

Како што информираа од Обвинителството по нивни налог две пумпи дури три недели внесувале загадена вода во градскиот водовод.

Притворот ќе го одлежат во КПУ Затвор Скопје – Скопје.

еМагазин разгледа каков имот пријавила до Антикорупциската комисија кога станала в.д. директорка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Артана Асани, директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, која ќе одговара за тешки дела против животната средина и природата

Каков имот пријавила

На свое име нема недвижен имот.

Нема ни возило.

Пријавила и 1,7 милион денари подарок.

Си ја пријавила и платата.

Нејзиниот сопруг е основач и управител на трговско друштво, во кое таа е/била сметководител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели

ЈП „Комуналец“ Гостивар на диво направил приклучок во близина на главниот цевковод, утврди Инспекторатот за животна средина

(Видео) Приведена Артана Асани, директорката на гостиварски „Комуналец“, градоначалникот ја суспендираше

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести