еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Како во среден век: Во Косово наместо вештерки, палат српски производи

Хистерија во Косово, откако тамошната влада за дури 100 отсто ги зголеми царините на стока од Србија и Босна и Херцеговина, мерка која нема ама баш никаква врска со пазарна логика и современите правила за функционирање на една пазарна економија.

Нелогичните „екскурзии“ на косовските власти со царините летово ги почуствуваа и македонските производители на земјоделски производи. Имено Косово воведе поголеми царини за земјоделски производи за неколку земји од регионов, меѓу кои и за Македонија, а потоа се повлече.

Овој пат работиве отидоа и подалеку.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по одлуката за зголемените царини повика и за бојкот на српските производи.

Косоварите не само што почнаа да ги бојкотираат истите, туку почнаа јавно и да ги палат и секако објавија видеа и се фотографираа за на Фејсбук.

Во „акцијата“ што е уште позастрашувачко се вклучија и политичари.

Ваквото однесување на косовската Влада и тамошните политичари во никој случај не придонесува за смирување на тензиите на Балканот. Не само што не мислат за доброто на своите граѓани, туку и на сите во регионов.

Џабе што Хашим Тачи и Рамуш Харадинај се фотографираат со Јоханес Хан и Федерика Могерини во друштво на нивните колеги од регионов, кога на терен прават сосема нешто друго.

Најлесно е со ваков циркус да се собираат евтини политички поени. Проверна формула во многу ситуации на Балканот.

Ама и тоа веќе не пали. Нека седнат двајцата да пребројат колку Косовари ја напуштиле земјата откако истата прогласи независност.

Фото: Фејсбук/видео: Indeksonline/Milos Ivanovic/you tube/Рифат Стојкај/Алијансата за иднина на Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Државна вечера во чест на претседателот на Германија, Штајнмајер

Редакција

Груевски нема да лежи затвор за набавката на фамозниот владин мерцедес

Редакција

Во првиот квартал 126,5 милиони евра странски инвестиции

Редакција