еМагазин
Image default
Македонија

Груевски ептен со к’смет: Унгарија последниве пет месеци дала азил на само 4 лица

Унгарскиот портал „Индекс“ објави дека унгарската Канцеларија за имиграции и азил по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули до 21 ноември примила вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени.

Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, а едниот од нив е поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски, кој избега од Македонија, откако беше осуден на затворска казна од две години за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, каква што е и Македонија, дека не може да добие азил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

„Политико“: Унгарските разузнавачки служби му помогнале на Груевски да избега

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

По бегството на Груевски и добивањето азил: Ќе стане ли Унгарија нова пречка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО?

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не дојде адвокатот на еден од обвинетите: Повторно одложени завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

(Видео) Пратеникот Влатко Ѓорчев на терен помагаше по земјотресите во Албанија

Редакција

Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за пиротехничките средства пронајдени во возилото на внукот на Ахмети

Редакција