еМагазин
Image default
Македонија

Дојче Веле: Груевски користел четири стана?

Дојче Веле во истражување за деновите пред поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски, избега во Унгарија, прашува меѓудругото и дали тој користел четири стана.

„Во состојба на целосен институционален молк за околностите под кои избега поранешниот премиер, нашето истражување почна од првата адреса – станбениот комплекс каде живее Груевски, а се наоѓа спроти партиското седиште на СДСМ и во близина на зградата на МВР.

Станарите беа воздржани за разговор околу нивниот најпознат сосед. Но, сепак прифатија да споделат неколку сознанија. Сметаат дека тешко ќе се откријат детали за движењето на нивниот сосед, бидејќи камерата поставена за време на неговиот премиерски мандат, според нивни неодамнешни сознанија, не работела повеќе од една година.

Објаснуваат дека на ист кат Груевски поседува два стана со посебни влезови, но препоставуваат дека се внатрешно поврзани.

Сметаат дека едниот стан имал исклучиво приватно-семеен карактер, а вториот најверојатно го користел за службени средби, бидејќи секогаш кога доаѓале негови сопартијци тие се упатувале исклучиво кон другата врата.

Но, открија и уште еден, досега непознат податок: дека го гледале Груевски како повремено влегува во уште два стана во истата зграда. По проверката на броевите на становите што тие ги посочија, утврдивме дека двата се водат на име на фирма.

Не успеавме да стапиме во контакт со овластено лице од фирмата, за да добиеме одговор дали Груевски ги изнајмил на користење тие станови, односно, дали фирмата е само параван за вистинскиот сопственик„, пишува Дојче Веле.

Целото истражување на Дојче Веле, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

„Политико“: Унгарските разузнавачки служби му помогнале на Груевски да избега

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови на судењето за „27 април“

Редакција

Бугарскиот клуб не може да се вика “Иван Михајлов“, одлучи владината Комисија, на потег е министерот за правда

Редакција

Уставни измени во овој пратенички состав нема да има, тврди Мицкоски

Редакција