еМагазин
Image default
Бизнис

Лукаревска: УЈП подготвена за прогресивното оданочување

Управата за јавни приходи, како институција е подготвена за примената на новиот прогресивен данок, истакна при денешната посета на Штип, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Се очекува да се изгласа и новиот Закон за личен доход, по што ќе почне и примената на новиот прогресивен данок, а ќе бидат опфатени оние лица, кои земаат плата од над 90.000 денари. Таа забележува дека се уште не знаат колкав е бројот на даночните обврзници, кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок.

-Се уште ги правиме анализите, така да би знаеле што ќе стартуваме и сакаме евиденциите да ги средиме, имаме размена на податоци со многу други институции се со цел тоа прогресивно оданочување да го спроведеме најзаконски и најверодостојно, вели Лукаревска.

Инаку, во тек е електронското пријавување од страна на даночните обврзници. Нема казна за оние кои нема да се  регистрираат.

-За она физичко лице, кое нема да се регистрира во нашиот систем согласно новата даночна реформа не постои казна. Меѓутоа даночното затајување е казниво по закон. Така да секој оној кој ќе сака да ги скрие своите дополнителни приходи, значи и дека прави даночно затајување, рече Лукаревска.

Директорката на УЈП, Лукаревска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска беа во посета на средното училиште за специјално образование и воспитание „Искра“. Вработените во УЈП секоја година на денот на даночните работници 29 Ноември „Свети Матеј“ донираат средства, оваа година собрале 109.000 денари, со кои се набавени постелнини и ДВД систем за учениците со посебни потреби, кои се сместени во интернатскиот дел на „Искра“.

-Ова е доказ дека Управата за јавни приходи не e само репресивен орган, којшто ги собира само парите на граѓаните, туку сакаме и да помогнеме таму, каде што е најнеопходно, рече Лукаревска.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Сања Лукаревска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благој Гајдарџиски избран за член на Управниот одбор на ЕСМ

Редакција

Убава вест: „Виз ер“ воведе нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

Редакција

Алкалоид за шест месеци има раст на нето-добивката од 11%, а на извозот од 20%

Редакција