еМагазин
Image default
Македонија

По смртта на Ружди Љата, Хекуран Дука привремен градоначалник на Дебар

По смртта на градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, оваа функција моментно ја извршува Хекуран Дука, советник од редовите на Демократската унија за интеграција.

Дука, лекар специјалист-уролог во Општата болница во Дебар и до сега го заменуваше градоначалникот во негово отсуство.

-Според законот Владата на Република Македонија треба да одржи седница на која ќе ја констатира состојбата, по што Советот на општината со мнозинство гласови треба да избере вршител на должноста градоначалник. Во рок од шест месеци треба да бидат спроведени избори за нов градоначалник, изјави за МИА, Или Мирзо,секретар на општина Дебар.

Ружди Љата, кому ова му беше втор градоначалнички мандат, по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училиште „Братство единство“ во Дебар сега е „Пенестија“, а „Здравко Чочковски“ се вика „28 ноември“, според денот на албанското знаме

Почина градоначалник на Дебар, Ружди Љата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „27 април“: Тарчуловски му пишува Мицкоски „не би било фер да се враќаме во Собрание без да ги пуштат затворените луѓе“

Редакција

Убава вест: Оздравени 365 заболени од Ковид-19, од Скопје 288

Редакција

„Еден ден ќе се вратам“, порача Груевски

Редакција