еМагазин
Image default
Македонија

Судење за насилството во Собрание: Ѓошески сведочеше дека топлата го барала и Вељаноски

Со исказ пред судот на обвинетиот Горан Ѓошевски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Ѓошевски на 27 април работел како началник на личното обезбедување на претседателот на Собранието и на таа функција бил се до 15 ноември лани кога бил сменет.

Во сведочењето, Ѓошески појасни дека на 27 април дошол на работа во Собранието околу 08:45 часот и околу 15 часот одржал состанок со тимот по што имал состанок и со претседателот на собраниското обезбедување Александар Јанковиќ, а потоа заминал дома.

Сведочеше дека телефонски го информирале дека во собраниската сала се пеат химни и има тензии и оти околу 18:40 часот се вратил во Собранието.

– Вељаноски ме повика во неговиот кабинет и ми кажа да го организирам обезбедувањето на неговиот кабинет зашто во пленарната сала се врши избор на претседател на Собранието и дека пратениците од СДСМ ќе се обидат насилно да го исфрлат од кабинетот, рече Ѓошески.

Побарал повеќе луѓе од претседателот на собраниското обезбедување, но тој му рекол дека нема и дека единствено располага со редовна смена и дека ги известил во Оперативниот штаб и побарал помош.

Ѓошески сведочеше дека кога се симнал доле, во холот пред главната врата ги видел Владимир Стојков и Крсто Мукоски, како држат безбедносна греда од вратата. Им рекол да ја остават гредата, по што тие ја оставиле гредата и тој заминал.

Го сретнал Абдулфета Аљими кого го прашал за клучеви и тогаш слушнал тресок и видел дека десната врата од Парламентот е отворена. Му ги дал клучевите на Аљими и му рекол да оди горе пред Кабинетот. Се вратил кај Вљаноски кој му рекол да остане пред кабинетот.

Според неговото сведочење, луѓето кои влегле во Собранието го нарекувале Вељаноски предавник и прашувале каде се наоѓа. Рече дека 90 проценти од обвинетите ги запознал на рочиштата и по видување.

На вкрстено прашање од обвинетиот Александар Василевски Нинџа, дали е точно дека примил смс порака од Вељановски оти доаѓаат на помош маскирани лица во Собранието, обвинетиот Ѓошевски рече дека такви смс пораки не постоеле.

Прашан зошто како полицаец не ги легитимирал лицата со фантомки во Собранието, Ѓошевски рече дека во насоките на полицајците јасно стои дека не може да постапат по своите овластувања доколку со тоа го загрозуваат сопствениот живот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем раст: 82 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Редакција

Темелко изгуби, Пали Колефски е нов градоначалник на Пустец

Редакција

Детален преглед на состојбата со активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција