еМагазин
Image default
Македонија

Работната група за помирување ќе се состане во Собранието

Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција, ќе одржи состанок денеска во 14 часот, соопшти спобраниската прес-служба.

Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција на вечрашниот состанок со премиерот Зоран Заев постигнаа начелна согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение.

Договорија да се формираат три работни групи – за интеграција, за реформи и за помирување, кои според договореното, до вторник треба да ги разгледаат своите области и да излезат со конкретни предлози и решенија, со што би се дало динамика на целиот процес.

Премиерот Зоран Заев, по средбата со членовите на ова тело рече дека е покажана политичка волја и подготвеност за ваков чекор, но посочи дека дека мора да се направи дистинкција од насилство и учество во настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има согласност за помирувањето, но не смеат да се поминат црвените линии, вели Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков: Го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани, како и користењето на сите ваши јазици како што се дефинирани со Уставот

Редакција

Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставка

Редакција

Отстранет проблемот со алармот во Кривичниот суд

Редакција