еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе му се суди ли и на Груевски за настаните од 27 април?

Судењето за настаните од македонското Собрание од 27. април минатата година е пред завршница и веќе се склопуваат коцките кој се учествувал, но и кој го организирал насилниот упад во Парламентот.

Останува уште и официјално да се каже кој се нарачателите, што јавноста најмногу ја интересира, а за чии имиња веќе долго време се шпекулира.

Иако за време на упадот поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија и стана азилант, беше во Виена, неговото име најчесто неофицијално се спомнува како еден од нарачателите.

Тој не беше повикан да сведочи на судењето кое е во тек, а обвинителката Вилма Рускоска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пред извесен период прашана дали тој ќе биде повикан да сведочи, изјави дека нема да го повика, бидејќи не бил во Македонија, но и ако има потреба за тоа, ќе го повика.

Во меѓувреме Груевски избега од Македонија.

Пред неколку дена на судењето за 27. април беше презентирана СМС порака која Груевски му испраќа порака на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ден пред упадот во Собранието во која, според содржината му препраќа порака од поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков.

Груевски му ја испраќа на Вељаноски следнава порака: „Од Чавков: „Добро утро директоре. Да ве известам, во моментов добив информација од лојален колега Албанец дека денес околу 13-13.30 часот се планира нешто од „другава страна” да се направи во Собрание, дали инцидент, дали со сила изгласување на претседател на Собранието или нешто слично на тоа. Во моментов немам поконкретни информации освен ова, ако добијам веднаш ќе ве барам.Од повеќе извори – информации во тој правец“.

Пораката е испратена на 26 април 2017 година во 10:58 часот.

На денот на упадот во Собранието, Груевски во 16:04 му пратил на Вељаноски порака со содржина: „Од Панче Кралев, од ДУИ информација од човек што дојде од состанок со Талат, денес за попладне во 17 се спрема избор на Талат по иницијатива на СДС”.

На истото рочиште беше презентирана уште една порака која Вељаноски му ја испратил на Груевски.

Предметот за нарачателите за насилството во Собранието, според Русковска е во предистрага.

Дали во отсуство ќе му се суди и на Груевски и на некој друг, како нарачетители ќе покажат доказите што ќе се соберат од оваа предистрага.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инволвиран ли и е Иванов во настаните од 27 април и планирал ли прогласување воена или вонредна состојба?

Твитер „зовре“ по сведочењето на Александар Василевски: „Овој Нинџа го натпеа и Дурловски“

Обвинетиот Нинџа за настаните од „27 април“: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ, никој не ја знаеше режијата сите бевме статисти

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа

Редакција

Бил Гејтс: Можеме да видиме дека доаѓа крајот на пандемијата

Редакција

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ избришан од Централниот регистар, ама пак работи

Редакција