еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Вештачкиот дожд“ помага во Куманово и Кавадарци – Скопјани нека си седат дома кога е загадено

Аеросолизацијата или таканаречениот вештачки дожд успешно функционира во намалување на загадувањето со ПМ 10 честички, а тоа го покажаа општина Куманово која годинава во неколку наврати го користеше овој метод, а вчера и општина Кавадарци.

Методата на аеросолно запрашување не е ништо непознато и се користи во земјоделството.

Функционира на тој принцип, што се прска вода под висок притисок, како прав, со атомизер на 20 бари. При тоа, се создава прашина од вода, која со неа ги спушта ПМ честичките. Станува збор за евтин и еколошки начин за намалување на загадувањето, бидејќи не се користат хемикалии.

Според истражувањата во општина Куманово, која прва го спроведе овој метод примената на аеросолната метода дава резултати во однос на намалувањето на аерозагадувањето од 30 до 77 проценти.

И додека помалите општини се трудат на секаков можен начин да го намалат загадувањето на воздухот и штетното влијание врз населението, локалната власт во главниот град Скопје, кој е меѓу најзагадените, но и Владата на скопјани им порачуваат да седат дома кога е загадено и да јадат овошје и зеленчук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екологисти: Методот на Митко Јанчев е евтин триумфализам, потребна е сериозна акција против загадувачите

(ВИДЕО) Митко Јанчев со вештачки дожд се бори против ПМ честичките во Кавадарци

Твитер го „подбра“ Филипче: „Не излегувајте кога е загадено, јадете ГМО“

Твитерџиите за чистиот воздух денес: „На градскиот татко богот на ракијата сме му копиљаци, ама затоа богот на ветриштата најмногу не сака“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проширувањето на ЕУ со балканските земји останува приоритет за словенечкото претседателство, најави словенечкиот министер Логар на “Преспа форум дијалогот“

Редакција

До сега попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови

Редакција

Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019 година, тврдат британски научници

Редакција