еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски: Ќе одат по снимки во Црна Гора

Јавното oбвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа што поскоро да ги достави материјалите со кои располага.

– Добивме информација од колегите од Црна Гора дека ги прибрале сите снимки кои ни се потребни и во понеделник или вторник ќе одиме да ги преземеме. Колегата вчера ургираше во Албанија да ни се достават што поскоро материјалите што тие ги имаат, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска одговарајќи на новинарски прашања пред одржувањето на конференцијата поврзана со борбата против корупцијата.

Таа додаде дека прегледувањето на снимките што ги имаат е веќе при крај и најави дека очекуваат во наредните две недели да излезат со соопштение за резултатите од предистражната постапка.

Во врска со фотографијата на Никола Груевски што беше објавена вчера во медиумите и по социјалните мрежи, Русковска истакна дека најверојатно ќе преземат активности да видат од каде потекнува и кој ја сликал.

Со оглед на тоа што на неа покрај Греувски, за кој се тврди дека е сликан во Будимпешта, е препознат и еден од обвинетите за случајот на СЈО „Насилство во општина Центар“, Рускоска истакна дека во Обвинителството ќе бидат повикани сите за кои се смета дека можат да дадат одредени информации во врска со бегството на Груевски.

-Ние и досега имаме сослушано од неговото обезбедување така што ќе продолжиме во таа насока, рече Рускоска.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Дописникот на британски „Гардијан“ го фотографираше Груевски во Будимпешта

25 дена молк од македонските власти за скандалозното бегство на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинители биле во Косово, за обезбедување докази за случајот на Онкологија

Редакција

Пациентите со Ковид-19 ќе може да се лекуваат и во болниците „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“

Редакција

Силни жени од цел свет кога ќе се обединат на едно место, нема сила што може да ги спречи во остварување на целите

Редакција