еМагазин
Image default
Македонија

МВР доби чамец и комбиња за откривање радијација од САД

Во Министерството за внатрешни работи денеска амбасадорот на САД Џес Бејли на министерот Оливер Спасовски му ја предаде донацијата на опрема и возила за Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Донацијата е во вредност од околу 500.000 долари, а се состои од две специјални комбиња со мобилна опрема за откривање на радијација, патролен чамец кој ќе се користи за надзор на Охридското езеро, како и уред за вештачење мобилни електронски уреди.

Министерот Спасовски потенцираше дека од почетокот на воспоставувањето на граничната полиција во рамки на МВР од 2004 година наваму, односно на концептот на интегрирано гранично управување, владата на САД преку оваа програма е најсилниот партнер и поддржувач на реалното организационо, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција.

Амбасадорот на САД Џес Бејли рече дека програмата за контрола на извоз и гранична безбедност и Министерството за енергетика на САД ја даваат оваа донација за да ги подобрат капацитетите на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за да спроведуваат професионални операции за гранична контрола и внатрешната безбедност.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче апелира на трпение за вакцинација: Денеска ќе стигнат 2.000 кинески вакцини

Редакција

Вaкцината за Ковид-19 во Македонија ќе биде бесплатна и нема да е задолжителна

Редакција

Судење за „Таргет-Тврдина“: Вредноста на уништениот систем за прислушување „Најс“ е 1.4 милиони евра

Редакција