Откако во македонското Собрание со големо мнозинство од 95 гласа ЗА беше изгласан Законот за амнестија за обвинетите од настаните во Парламетот од 27 април лани, сега според процедурата за истиот потпис на него треба да стави и претседателот Ѓорге Иванов.
Законот е веќе испратен до неговиот Кабинет. За сега од таму нема никаква информација.
За потсетување Иванов се уште нема ставено потпис за Законот за употреба на јазиците и за Договорот од Преспа и најверојатно нема ни да стави.
Доколку Иванов го потпише Законот, се објавува во Службен весник и истиот стапува на сила за 5 дена, по што обвинетите за настаните од 27 април ќе можат да поднесат барање за амнестија.
Дали тие ќе бидат амнестирани ќе одлучуваат Судот и Јавното Обвинителство, а законот дозволува и жалба во второстепена постапка.
Фото: Кабинет на претседателот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денот кога селективната амнестија стана европска вредност
Можно ли е Законот за амнестија да падне на Уставен суд?