еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „27 април“ продолжува на 15 јануари, денеска се разгледуваа доказите на одбраната на Игор Југ

Со гледање ЦД снимка доставена како дополнителен доказ од одбраната на обвинетиот Игор Југ заврши денешното рочиште во Кривичен суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На видео снимката се гледа прес-конференцијата на сослушаниот сведок Дамјан Манчевски од 30.04.2017 година на која тогашниот пратеник вели дека нарачателите и директните извршители на обидот за убиство во Собранието ќе одговараат за се што сториле. Покажува фотографии од напаѓачите на пратениците.

-Ова на сликата е Игор Југ со усташки симболи претседател на таканареченото патриотско здружение “Владо Георгиев Черноземски” суден за силување, обид за убиство и дрога, вели Манчевски и покажува две фотографии од Југ првата со Никола Груевски од 2003 година, а втората од 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија.

Обвинетиот Југ рече дека никогаш не бил суден за силување, обид за убиство или дрога, а најголема навреда му било што се велело дека носел усташки симболи. Нагласи дека не е претседател на ниту едно македонско патриотско здружение. Тоа, како што кажа, било почетокот на фабрикувањето дека станува збор за човек ѕвер, манијак и убица кој може се да направи по налог на некого.

-На 27 април носев маица со натпис ХОС што значи Хрватске одбранбене снаге, а натписот “За Дом спремни” е вообичаено прифатен во Хрватска и не навредува ни една нација. Тоа се симболи под кои загинаа илјадници хрватски бранители. ХОС е составен дел на хрватските оружени сили и не е паравоена организација, рече Југ.

Со тоа заврши доказната постапка за предметот. Следното рочиште е закажано за 15 јануари идната година кога треба да почнат завршните зборови за судењето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фатиме Фетаи не сака да коментира за „Рекет“

Редакција

ВМРО-Народна партија: Македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши се чувствуваат загрозени поради ветото на Бугарија

Редакција

Шестмина новозаразени од корона вирусот во Дебар

Редакција