еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Тортура“ и „Траекторија“ на СЈО

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Тортура“ и „Траекторија“.

Предметот „Тортура“, во кој обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата, се наоѓа во доказна постпка.

СЈО ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

На обвинителна клупа денеска треба да седнат и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во притвор во затворот „Скопје“, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски, за предметот „Траекторија“.

Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИВЗ и Сулејман Реџепи и се заканувале на Владата

Редакција

На 4. февруари Бугарија и Македонија заеднички ќе ја чествуваат 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави Петков

Редакција

Попишани над еден милион граѓани

Редакција