еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Измените на кривичниот законик нема да влијаат на застарување на предметите на СЈО пред судовите

Промената на Кривичниот законик предложена од група пратеници е усогласена со верзијата која ја предложи и Владата на Република Македонија согласно Планот 18 и Стратегијата за реформи во правосудството, соопшти СДСМ.

„Целта на донесување на овие измени е пред се, ревидирање на одредбите во неколку области, од кои како најзначајни се: криминалот од омраза, неказнувањето на жртвата од трговија со луѓе и неказнувањето дете-жртва, воведувањето ново кривично дело „Попречување на правдата“, кодифицирање на кривичното дело за заштита на сведоци содржано во Законот за заштита на сведоци во Кривичниот законик…

Главна цел е да се подигне видливоста на делата на омраза со пропишување законска дефиниција на тој поим и предвидување посебни облици на дела на омраза во Посебниот дел, што согласно начелото на легалитет ќе ги обврзува органите на гонење да ги откриваат, утврдуваат и процесуираат таквите дела.

Исто така, во рамките на политиката на генералното намалување на санкциите, е предложена и измената на висната на казната за кривичното дело од членот 275-в од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство.

Оваа измена нема да влијае на никаков начин на застарување на кој било предмет отворен од Специјалното јавно обвинителство пред надлежните судови“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта со Кривичниот законик простува даночни измами: Општа амнестија на мала врата

Кој се ќе се „спаси“ од СЈО: Собранието ги донесе по скратена постапка измените на Кривичниот Законик

Ќе се спасат ли од затвор Канческа, Авировиќ, Кочан: На Комисија експресно поминаа измените на КЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 557 прекршоци за неносење маска

Редакција

Нови 32 случаи на Ковид-19 од 665 тестови

Редакција

Без осуда од ЕУ за бугарските клубови со контроверзни имиња, евроамбасадорот Гир не сака да толкува историја

Редакција