еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јовески: Амнестијата е политичка одлука, доколку зависеше од мене немаше да се случи

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека амнестијата за учесниците во настаните на 27 април во Собранието е политички чин и не го коментира.

„Доколку ова зависеше од мене и од обвинителот кој постапува по предметот, Вилма Русковска, тоа немаше да се случи. Меѓутоа ова е мој професионален став, а Собранието при донесувањето на Законот ценело други околности кои мене не ми се познати.

Обвинителството професионално ќе постапува до завршување на предметот. Но морам да укажам дека постапката за амнестија придонесе и за разјаснување на некои делови од настанот. Изјавите во судницата, на изненадување на многумина, укажаа на моменти од подготовка на случувањата на 27 април. Го разбирам разочарувањето на граѓаните и реакциите, но повторувам тоа е политичка одлука. Обвинителството е должно да го примени законот“, истакнува државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервјуто.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прочистување или упад во правото: Амнестија во просек на секои 4,5 години

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузното Ауди вредно 67 илјади евра

Редакција

Температури и до минус 11 степени до крајот на неделата

Редакција

Нови 1.861 случаи на Ковид-19, регистрирани се 242 реинфекции и еден заразен по третпат

Редакција