Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утрово присуствуваше на архиерејската литургија по повод празникот Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
По завршување на литургијата на сите верници што денеска го слават овој празник им го честита со поздравот Христос се роди, навистина се роди и им посака многу здравје, радост, среќа и да бидат сплотени како за празниците, така и во текот на целата година.
-Празниците не се само за празнување, туку и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите, да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме, затоа да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија, бидејќи неа ја имаме, изјави Иванов.
Фото: Кабинет на претседателот