еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Директорот на Царината, Танасоски има брат близнак и ќерки близначки

Во серијал, еМагазин Ве запознава со чуварите на јавните пари.

Директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски, според неговите колеги е одличен комуникатор.

Дипломирал и магистрирал на Машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Завршил Master in Business Administration (MBA Executive) на Универзитетот Шефилд, Солун, Грција.

За време на средношколските и студенски денови активно се занимава со спорт како член на веслачкиот  и ракометниот клуб од Охрид.

Интересен детал од неговиот приватен живот е дека е татко на две близначки, а и самиот тој има идентичен брат близнак.

На шега вели дека неретко е виден на две места во исто време.

За работата, вели дека има за цел да ја унапреди Царинската управа, до водечка управа во регионот.

 

“Од моето поставување како генерален директор на Царинска управа, заедно со моите соработници континуирано работиме во насока да ја направиме Царината водечка царинска администрација во регионот, која ќе биде силен поддржувач на легалната економија, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги чуварите на јавните пари: На директорката Лукаревска, УЈП и е втор дом

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Како инспекторот Муареми стана директор на Управа за финансиска полиција

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Трендафилов, директор на Управата за финанско разузнавање, фан на спортот и Леонардо Да Винчи

Како гледаат на соработката со Тевдовски, Лукаревска, Танасоски, Муареми и Трендафиловски

Фото: Влада/Царинска управа/Фејсбук/Танасоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком ќе и изнајмува простор на ОТА за 5.000 евра месечно

Редакција

Обвинение за мајка и ќерка од Струмица кои не ги почитувале мерките за изолација: Се расправале со полицијата

Редакција

Филип Николовски ќе биде заменик министер за финансии

Редакција