Законот за употреба на јазиците и во Службен весник, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
Законот за употреба на јазиците предвидува преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.
„Со овој закон паралелно се уредуваат начелата, начинот и одговорноста на институциите да овозможат службена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо vis а vis правото на граѓаните да го употребуваат и применуваат тој јазик во службени постапки. Воедно, се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку отсто“, се вели во образложението на Законот.
Откако Собранието го изгласа првпат на 11 јануари минатата година, а претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише указот за негово прогласување, тој повторно беше донесен на 14 март минатата година, без поддршка од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер за Законот за јазици: „Како е смештај дан требит на албански? За двојазичноста прашвам…“
Службен весник се огласи по објавувањето на Законот за јазици и новото име
(Фото) Ахмети со двоглав орел честиташе за Законот за јазици
(Фото) Законот за јазици без потпис на Иванов, објавен во Службен весник
Фото: Фејсбук/Талат Џафери