еМагазин
Image default
Балкан

„Грчкото знаме да се постави на пола копје, камбаните да бијат во знак на жалост„: Во Атина утре нов протест против Договорот од Преспа

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организацијата која стои зад протестите против Договорот од Преспа, ги повикува Грците утре попладне, во пресрет на гласањето за ратификација на договорот да излезат  на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“ , јави дописничката на МИА од Атина.

-Во среда на 23 и четврток на 24 јануари, никој од нас да не оди на работа. Продавниците, бизнисите, училиштата да останат затворени, државните службеници да не се појават во нивните служби, грчкото знаме на пола копје да се постави на секој дом, камбаните на црквите да бијат во знак на жалост. Секој Грк и секоја Гркинка, им го должиме тоа на оние кои ги оставија нивните семејства и се жртвуваа за Македонија да остане грчка, пред околу 100 години, соопштуваат организаторите.

МИА/Фото: РТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаб одзив на протестот за името Македонија во Атина: Полицијата изброја 60 илјади граѓани

(ВИДЕО) На протестот за името Македонија во Атина сериозни инциденти и повредени најмалку 15 лица

(ВИДЕО) Шок бомби, солзавец и пиротехнички материјали за крај на протестот за името Македонија во Атина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 40 деца и неколку возрасни се заразиле со Ковид-19 во два летни кампови на Халкидики и на Крит

Редакција

(Видео) Набавката на Србија на кинески проектили, ја „вжешти“ атмосферата на Балканот

Редакција

Расте црниот биланс: Најмалку 28 жртви и 650 повредени од земјотресот во Албанија

Редакција